Анкета: Медиумските работници со плата далеку под просекот

Новинари /фото: МИА

Според ССНМ, ниските примања, како и непочитувањето во целост на Законот на работни односи од страна на работодавачите се најчестите проблеми со кои со години се соочува медиумската фела.

Вкупно 35 отсто од медиумските работници имаат примања во износ од 15 до 20 илјади денари, што е далеку под просечната нето плата во државата..

Дури 67 проценти не се задоволни од платата или хонорарот, покажува анкетата на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ), спроведена на 150 испитаници, на кои им беа поставени прашања во врска со работничките права и состојби во новинарските редакции во земјава.

Според ССНМ, ниските примања, како и непочитувањето во целост на Законот на работни односи од страна на работодавачите се најчестите проблеми со кои со години се соочува медиумската фела.

Според Државниот завод за статистика за месец април 2020 година, просечната плата изнесувала 25.830 денари. Според ова, најголемиот дел од новинарите имаат месечни примања далеку под просечната плата во земјава. Според последниот извештај на „Репортери без граници” од 180 земји, Македонија е рангирана на 93. место, што само по себе зборува за атмосферата во која работат медиумските работници.

Се укажува дека медиумскиот бизнис дополнително е на удар од корона-кризата, а тоа се одрази и на губењето на работно место и намалување на платите. Четворица останале без работа, а 45 одговориле дека познаваат колеги кои ја изгубиле работата . Во проценти, 33 отсто од анкетираните знаат дека некој во медиумскиот бизнис овој период останал без плата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот