Анкета/фото: Слободен печат

АНКЕТА | Дали граѓаните знаат кому да се пожалат за неправилности за време на избори?

Секој граѓанин има право доколку забележи некакви неправилности и нерегуларности на местото каде што гласа, да пријави во полиција, кај Народниот правобранител или да укаже во Државната изборна комисија. Право и должност е секој граѓанин да излезе и да го оствари своето право на глас, а од оние што ги анкетиравме никој не ни кажа дека имало метеж на местото каде што гласале.

– Бев единствено јас на избирачкото место каде што гласам, во Центар, завршив брзо и сè помина во одличен ред, мирно – вели една скопјанка.

Од анкетираните никој досега не пријавил неправилности, ниту на овие ниту на претходните избори. Дел од нив знаат каде можат да го остварат тоа право, другите не се запознаени со оваа можност. Млад центарец, како што вели, не очекува во неговата општина да се случуваат некакви инциденти.

– Тоа никогаш не било, не верувам ни на овие избори да се случи некаков инцидент. Се надевам дека ќе биде така, јас поминав брзо и во мирни услови – рече тој.

Ретко кој од граѓаните проверува на кое место е заведен како гласач на интернет-страницата на Државната изборна комисија пред да излезе на гласање. И покрај тоа што ДИК тоа го нуди транспарентно, едноставно, со впишување на матичниот број. Во случај на промена на адресата на живеење по лична карта, системски се менува избирачкото место.

-Искрено не сум го направила тоа никогаш, не знам каде можам да проверам – вели една скопјанка.

Анкета/фото: Слободен печат

Друга сограѓанка, пак, ни одговори дека добро ѝ се познати овие можности бидејќи била дел од избирачкиот процес во претходните години. Таа вели дека од идниот градоначалник очекува да биде чесен.

– Од идниот градоначалник пред сè очекувам да биде чесен, тоа е најважно, нели? Не би сакала да зборувам за ѓубрето, јавниот превоз итн. тоа е повеќе од јасно.

Револтиран скопјанец вели дека не го интересираат такви работи, тој смета дека младите треба да се грижат за тоа.

– Да ви кажам право нема ништо да пријавам, мене тоа не ме засега, помладите нека пријавуваат – рече тој пред камерата на „Слободен печат“.

Потсетуваме, во канцеларијата на Народниот правобранител во недела (19 октомври) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните избори во периодот од 7 до 19 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија: 0800-54321, на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право, велат оттаму. Погледнете ја целата анкета на јутјуб-каналот на „Слободен печат“.

Скандал во Центар – независните без лого на ливчето, бараат поништување на изборите

Уапсен член на избирачки одбор во Чаир – полицијата го привела додека пушел цигара на пауза

Приведени се двајца престапници во Чаир — лажно се претставувале како изборни набљудувачи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот