Приведени се двајца престапници во Чаир — лажно се претставувале како изборни набљудувачи

Двајца престапници се приведени денеска во двор на основно училиште на подрачјето на Чаир во Скопје поради непочитување наредба на овластени службени лица и утврдување на нивниот идентитет.

Според МВР, 35-годишнипот Ф.Е. и 44-годишниот Н.Е. не биле вклучени во изборниот процес, но се претставувале како набљудувачи и се наоѓале во дворот на училиштето.

Тие одбиле да се легитимираат при контролата од страна на службениците.

Од полицијата соопштуваат дека се преземаат сите потребни мерки за целосно расчистување на случајот.

Уапсен член на избирачки одбор во Чаир – полицијата го привела додека пушел цигара на пауза

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот