Ања Начевска: Награда која ми дава посебен мотив за понатамошни успеси

фото: kfsm.mk

За најдобра млада кошаркарка во Македонија за 2023 година беше избрана Ања Начевска. Оваа година ќе остане во нејзината меморија по големите индивидуални успеси.

Начевска само 15 години дебитираше во женската сениорска репрезентација на Македонија.

Играше и во М18 селекцијата на Европското првенство, а во меѓувреме го предводеше Вардар до титулата во М16 лигата на Македонија.

– Чест и задоволство ми е што присуствувам на една ваква манифестација. Благодарност до кошаркарската федерација, благодарност до сите мои досегашни тренери и селектори. Оваа награда е голем мотив за мене за понатамошни успеси – порача добитничката на признанието за најдобра млада кошаркарка во Македонија.

На посебна свеченост беа избрани најдобрите во македонската кошарка за 2023 година. Повеќе ТУКА

Војдан Стојановски: Се надевам на нови успеси на клупски и на репрезентативен план

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот