Војдан Стојановски: Се надевам на нови успеси на клупски и на репрезентативен план

Војдан Стојановски, најдобар македонски кошаркар за 2023 година/фото: kfsm.mk

Војдан Стојановски, играчот на МЗТ Скопје Аеродром, го доби признанието за најдобар кошаркар во годината што изминува.

На посебна свеченост беа избрани најдобрите во македонската кошарка за 2023 година. Повеќе ТУКА

Легенда на македонската кошарка, играч за кој долго ќе се зборува и откако ќе ја заврши кариерата.

Или што би рекле некои од постарите генерации: „Ако го немавме, требаше да го измислиме“…

– Благодарност до сите кои гласаа за мене. Се надевам на нови успеси како на клупски, така и на репрезентативен план – скромно, во свој стил, се заблагодари капитенот на нашиот сениорски тим за новото признание во неговата богата играчка кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот