Анѓушев: ЕБОР е значаен финансиски партнер на земјата, продолжуваме со реализација на заеднички проекти – Слободен печат
ВестиЕкономија

Анѓушев: ЕБОР е значаен финансиски партнер на земјата, продолжуваме со реализација на заеднички проекти

Анѓушев ја потенцираше добрата соработка помеѓу Владата и ЕБОР, преку која во моментов на територијата на нашата земја, во различни фази, се одвиваат десетици проекти.

Тековните проекти што се спроведуваат со заедничка соработка на Владата на Република Северна Македонија и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), кои се однесуваат на регионално патно и енергетско поврзување, проекти од енергетскиот сектор, како и проекти за поддршка на малите и средни претријатија во земјата, беа тема на разговор наденешната средба во Скопје меѓу вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и новоименуваниот директор на канцеларијата на ЕБОР  во Скопје, Анди Аранитаси, кој ќе ја преземе функцијата од досегашната директорка Анка Јоана Јонеску на 1 септември 2019 година.

Вицепремиерот Анѓушев, информираат од неговиот кабинет, му го честиташе преземањето на функцијата на Аранитаси и порача дека очекува соработката помеѓу Северна Македонија и ЕБОР да продолжи да се одвива со воспоставената динамика, пред се за обезбедување на развојот на економијата и обезбедување на подобар живот за граѓаните.

Анѓушев ја потенцираше добрата соработка помеѓу Владата и ЕБОР, преку која во моментов на територијата на нашата земја, во различни фази, се одвиваат десетици проекти. Анѓушев подвлече дека поддршката од банката е значајна за реализација на енергетските проекти за подигнување на нивото на производство на електрична енергија од обновливи извори, стабилноста на електроенергетскиот систем, но и за изградба на експресните патишта Крива Паланка-граница со Бугарија и Штип-Радовиш, изградбата на железницата кон Бугарија и други проекти кои се изведуваат во соработка со банката.

Соговорниците се согласија дека соработката ќе продолжи со интензивна динамика, во насока на унапредување на поврзанoста во земјата и со соседните земји, во поглед на патна, железничка и енергетска инфраструктура, како и за унапредување на условите за водење на бизнис и обезбедеување на финансиски средства, особено за микро, малите и средните претпријатија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close