Aнглиските легенди едногласни: Хрватска беше оштетена, немаше пенал

Фото: EPA-EFE/Noushad Thekkayil

Вчерашниот пенал кој го доби Аргентина против Хрватска во полуфиналето на Мундијалот е тема на дебата во фудбалската јавност.

Аргентина победи со 3:0, а резултатот беше отворен со голот од пенал после половина час игра. Пеналот кој во гол го претвори Меси предизвика бурни реакции.

Англиските легенди Гери Невил, Јан Рајт и Рој Кин кои се стручни коментатори на „ИТВ“ се согласија дека Орсато и колегите погрешиле кога доделиле најстрога казна за „гаучосите“.

„Нема шанси тоа да е пенал“, јасно порача невил. „Не знам зошто ситуацијата не беше ниту проверена од ВАР. За мене ова не е пенал“, истакна Рајт. Немам што многу да додадам, се согласувам со момците, тоа не требаше да биде пенал“, дополни Кин.

Орсато добива многу критики за тој спорен пенал, меѓутоа има и такви кои сметаат дека оправдано покажал на белата точка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот