Англија и Шпанија за титулата на Светското фудбалско првенство за жени

фото: EPA-EFE/DAN HIMBRECHTS

На 20 август во Сиднеј женските фудбалски репрезентации на Шпанија и Англија ќе играат во финалето на Светското првенство. За првпат во нивната историја Англија и Шпанија се во финале на светските првенства.

Еден ден порано на 19 август во Бризбејн ќе биде натпреварот за третото место помеѓу Шведска и Австралија.

Во полуфиналните мечеви Шпанија со 2:1 ја совлада Шведска, додека Англија со 3:1 беше подобра од Австралија.

Шпанија водеше од 81 минута со голот на Параљуело, израмнија Швеѓанките во 88 минута преку Бломквист, но само 60 секунди подоцна црвената „фурија“ ја врати позитивата благодарение на погодокот на Кармона (89`).

Во второто полуфинале Англичаните поведоа во 36 минута кога стрелаше Тун, израмни Австралија во 63 минута. Потоа, Хемп во 71 минута се погрижи за ново водство на англиската селекција, а конечниот епилог го постави Русо (86`).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот