Ангеловска: Преку Ковид 2 одобрени бескаматни кредити за 117 фирми со 3001 вработен

Преку втората линија бескаматни кредити за фирмите погодени од КОВИД-19 кризата одобрени се 2 милиони евра за 117 фирми во кои работат 3 001 вработен, напиша министерката за финансии Нина Ангеловска на Фејсбук.

Одобрени се 2 милиони евра досега, со кои се поддржуваат: 58 микро, 43 мали и 16 средни компании – или вкупно 3.001 работни места. За оваа кредитна линија има огромен интерес од страна на компаниите. Барањата се обработуваат и процесираат од страна на Развојната банка, по што со одобрените се потпишуваат договори и се исплаќаат средства, пишува Ангеловска.

Кредитите од оваа кредитна линија изнесуваат од 3.000 до 90.000 евра, со 0 проценти камата и рок на отплата 3 години со 12 месеци грејс период. Вкупниот износ на Ковид 2 линијата е 8 милиони евра и за неа можеа да аплицираат фирми од сите дејности. Претходната линија бескаматни кредити Ковид 1 е целосно доделена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот