Ангелов: Мојата фамилија живее во Скопје, зарем би дозволил да си ги трујам децата?

Досегашниот директор на „Дрисла“, Горан Ангелов, кој од утре ќе биде разрешен на својот Фејсбук профил отфрли секаква одговорност околу отпадот за кој го обвинија бугарските медиуми.

„Драги пријатели и мили непријатели, сакам да Ви соопштам неколку работи за мене и обвинувањата кои безмилосно и без мерка ги упативте кон мене и мојата фамилија.

1. Отфрлам секаква одговорност околу отпадот кој се наоѓа на безцаринските зони во пристаништата Бургас и Варна. Не сум увозник нити нарачател на тој отпад и јас разбрав за тој отпад од бугарските медиуми. Горан Ангелов е косопственик во фирмата Балзион со влог од 15%, но не сум управител ниту директор на истата. Денес сите Бугарски медиуми соопштија дека станува збор за неопасен отпад, а врз основа на анализите направени изминативе два дена од соодветните Бугарски институции (МВР, Обвинителство, Министерство за екологија). Вистината ќе ја види светлината на денот.

2.Сто пати повторив, но еве уште еднаш, во Дрисла немаме примено или увезено ниту еден килограм отпад од странство, а не пак опасен или токсичен, за што сите релевантни македонски институции се изјаснија во Дрисла нема ниту опасен ниту неопасен отпад од увоз. Зарем мислите дека јас ќе ја загрозам мојата сигурност, безбедноста на вработените и на сите граѓани од Скопската котлина со вакви измислени увози на опасен отпад. Не заборавајте дека и јас сум секој ден на работа во Дрисла и не сум во стаклено ѕвоно, туку секој ден сум на депонијата. Сепак и мојата фамилија живее во Скопје, зарем би дозволил да си ги трујам децата. Престанете со манипулации и барајте ги вистинските загадувачи во Скопската Котлина, кои Вас, мене, Вашите и мојата фамилија ја трујат.

3. За на крај да Ви поставам едно прашање:
Дали е случајно што се создаде афера во Бугарија, каде ние Македонците сме посочени за увоз на отпад, а во меѓувреме има уште сто такви афери каде не се објавуваат нити иницијалите на сопствениците и управителите, а во голем случај ниту фирмите кои се инволвирани во слични случаии, ама нас не посочија со Име и Презиме, не оцрнија, не прогласија за виновни и чекаме “бесилка”. Зарем правилото на презумпција го заборавија во Европска Бугарија. “Случајно” денес се трансформира Дрисла од ДОО во ЈП и ќе биде сменет и директорот Горан Ангелов.
Филигранска случајност“, пишува Ангелов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот