Фото: mkd.basketball

Анџелика Митрашиновиќ влезе во историјата на македонската женска кошарка

Ако пред неколку дена беше запишан еден тимски резултат за историјата на македонската кошарка, на средбата со Грција, испишана е уште една страница од историјата на мак-баскетот, односно оној женски сегмент.

Со 23.поени кои ги реализираше во мечот од квалификациите за Евробаскетот 2027, Анџелика Митрашиновиќ, стана најдобар стрелец во историјата на сениорската репрезентација на Македонија.

Со овој учинок, капитенот на нашата селекција дојде до вкупно 419 поени и така ја надмина Моника Гавриловска, исто така некогашен предводник на нашиот женски сениорски состав, која застана на 403 поени (од 28 одиграни натпревари).

– Не знам навистина што да кажам, што да додадам на оваа ваша констатација. Нормално дека ми е драго кога ќе го чујам тоа. Макар, еве досега, до овој момент не ни помислив, не сум ни размислувала за една ваква работа. Сепак, тоа е еден огромен успех, на личен план. И да, не сум навикната да зборувам, лично за себе, подобро е другите да зборуваат, оценуваат, коментираат – во својот скромен, стил, коментира новата рекордерка.

Инаку, Митрашиновиќ против Грција го одигра својот 33 натпревар за Македонија, па извесно е дека ова нејзино постигнување од натпревар во натпревар ќе расте, и ќе биде уште потешко достижно за генерациите кои доаѓаат.

Македонските кошаркарки поразени од Грција во квалификациите за Евробаскет 2027

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот