Андријана Јаневска доби светско признание на натпревар во САД: Ви благодарам на сите кои ме поддржувате

Фото: Facebook/ Andrijana Janevska

Поп-пејачката и професорка по виолина, Андријана Јаневска го освои првото место на натпреварот организиран од „ЗАДА рекордс“, САД. Во изминативе неколку месеци, на овој натпревар се избираше најдобар пејач и пејачка од цел свет.

Веста за постигнатиот успех Андријана ја сподели на својот Фејсбук профил.

„Чест ми е да ве известам дека го освоив првото место на натпреварот организиран од ЗАДА рекордс (САД), на кој се избираше најдобар пејач/пејачка од цел свет во минатите неколку месеци. Ви благодарам на сите кои ме поддржавте.“, напиша таа покрај фотографијата од наградата.

Инаку, Андријана во моментов е актуелна со песната „Ми заплакало селото Ваташа“ која ја снимија заедно со Игор Џамбазов. Песната досега ја отпеале повеќе домашни изведувачи, а оригиналот е отпеан од легендарниот Никола Бадев во 1975 година.

Песната повторно стана актуелна по изведбата на Андријана и Игор, на последната „Златна Бубамара на популарноста“, а сега е и дел од проектот „Македонијо во срце те носиме“.

ВИДЕО | „Ми заплакало селото Ваташа“: Емотивна изведба на Андријана Јаневска и Игор Џамбазов на „Златна бубамара“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот