фото: fcslovacko.cz

Андреј Стојчевски од Жилина на позајмица во Словачко

Македонскиот фудбалски младински репрезентативец Андреј Стојчевски се приклучи на тимот на Словачко од Чешка на тренинг кампот во Медулин, Хрватска.

Овој 21-годишен дефанзивец доаѓа од словачката екипа на Жилина на шестмесечна позајмица со опција за трансфер.

Стојчевски за Жилина одигра 53 првенствени натпревари на кои реализираше четири голови.

Нашиот играч ја носеше капитенската лента за репрезентацијата на Македонија до 21 година и настапи на 14 натпревари за националниот тим и постигна еден гол.

– Андреј е вешт млад дефанзивец кој го следам долго време и има потенцијал да продолжи да расте. Не случајно беше капитен на македонската репрезентација до 21 година и доби покана за сениорската репрезентација – вели за неговото доаѓање спортскиот директор на клубот, Величе Шумуликоски, поранешниот репрезентативец на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот