Андреј Митиќ, иднината на македонскиот ракомет и наследникот на Димовски, Стоилов…

Андреј Митиќ е кадетски репрезентативец на Македонија и член на вториот тим на Металург, пред кого е светла ракометна иднина. Младиот 19-годишен ракометар со своите 195 сантиметри е идеален за пикерската позиција.

Митиќ беше дел од кадетската репрезентација на Македонија која настапи на Светското првенство кое се одржа токму во Скопје, а сезонава со вториот тим на Металург ќе биде дел од домашната Суперлига и ќе има одлична можност да покаже дека е иднината на македонскиот ракомет, а со тоа и наследник на плејадата врвни пикери како Игор Котевски, Ванчо Димовски, Стојанче Стоилов…

Колку е задоволен од настапот со репрезентацијата на Светскотко првенство, кои се неговите очекувања од новата сезона, кој е раокметниот идол на Андреј Митиќ, погледнете во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот