Анџелина Џоли продава вреден подарок од поранешниот сопруг Бред Пит

Фото: Твитер

Анџелина Џоли продава една слика која британскиот премиер Винстон Черчил ја насликал за време на Втората светска војна, а која таа ја доби како подарок од поранешниот сопруг Бред Пит. На аукција се очекува дека делото би можело да постигне цена од 3,4 милиони долари, пренесува CNN.

Черчил ја насликал „Кулата на џамијата Кутубија“ во Мароко откако присуствувал на конференцијата во Казабланка во јануари 1943-та година, а потоа му ја подари на американскиот претседател Франклин Рузвелт.

Актерот Бред Пит ја купи оваа слика во 2011 година од трговец за уметност како подарок за Џоли. Парот се раздели во 2016 година, по долги години заеднички живот и две години брак, но нивниот развод се уште не е официјално завршен.

Фото: Инстаграм

Процената на вредноста на сликата се движи од два до 3,4 милиони долари.

„Тоа е единственото дело кое Черчил го насликал за време на војната, можеби охрабрен од напредокот на сојузниците, во земјата која ја сметал за една од најубавите од оние кои ги видел во животот“, изјави експертот за уметност од аукциската куќа.

Трговецот за уметност Бил Рау, од кој Бред Пит ја купил сликата, вели дека таа му била подарена на синот на претседателот Рузвелт кој во 1960-та година одлучил да ја продаде.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот