• џамијата

Нови судири меѓу израелската полиција и Палестинци во комплексот на џамијата Ал Акса

Нови судири меѓу Палестинците и израелската полиција избувнаа денеска во комплексот на џамијата Ал-Акса во Ерусалим, јавија западни медиуми и полицијата. Портпаролот на израелската полиција, Мики Розенфелд, изјави дека полицајците биле мета на Палестинци кои фрлале камења и започнале мерки за сузбивање „немири”. На местото се водат жестоки судири меѓу полицијата и Палестинците.