Амстердам ја прославува својата 750-годишнина со бројни настани: Изложби, фестивали и културни настани привлекуваат голем број туристи
Амстердам оваа година ќе ја прослави својата 750-годишнина и со многубројните атракции ќе привлече голем број туристи.
Препорачано
За да биде поинтересно за локалното население, како и за бројните туристи, градот се погрижи да организира многу изложби, фестивали и други настани кои ќе сведочат за напредокот на овој град.
View this post on Instagram
Планирано е во текот на годината во Амстердам да се организира серијал наречен „24 часа“, во кој ќе бидат прикажани различни населби. Фокусот ќе биде на секојдневните настани, па посетителите ќе можат да ги посетат локалните музеи и театри, како и други институции кои ќе организираат интересни настани.

Од 12-ти до 21-ви јуни оваа година, Амстердам ќе биде домаќин на фестивалот симболично наречен „Десет дена од иднината“ или „Toekomst Tiendaagse“.
Преку многу изложби, посетителите ќе можат да научат повеќе за историјата на Амстердам и да ги видат промените што градот ги претрпел низ вековите. За време на фестивалот, главната сообраќајница ќе се трансформира во забавен центар, место исполнето со претстави, музика и танцови претстави.


