АМС најави инспекција во РФМ по случајот со физичкиот напад врз малолетниот ракометар

Фото: АМС

Во македонската спортска јавност овие денови е актуелен случајот со пионерскиот тренер од редовите на Алкалоид, Влатко Котевски кој е обвинет за физички напад на малолетен играч.

Алкалолид претходно во текот на денот соопшти дека Котевски е суспендиран на три месеци, а суспензијата може да се менува во зависност од истрагата. Редакцијата на „24ракомет“ се обрати до Агенцијата за Млади и Спорт која ги инфомирала дека ќе има вонреден инспекциски надзор во федерацијата.

„По добивањето на целосниот извештај од РФМ, директорот на АМС ќе иницира вонреден инспекциски надзор во федерацијата при што овластените инспектори за спорт ќе ја задолжат федерацијата преку својата дисциплинска комисија да превземе соодветни мерки според нивниот статут и дисциплински правилник, како би се постигнала превенција за заштита на спортистите, особено кога станува станува збор за малолетни лица, се вели во одговорот на Агенцијата за млади и спорт.

Во рамки на своите надлежности АМС веќе изготвиле официјален допис до РФМ за добивање на целосен извештај од посочениот настан, како би имале целосен увид во фактички настанатата состојба во Унгарија.

РК Алкалоид веќе се огласи со соопштение во кое се вели дека на тримесеци е суспендиран нивниот тренер Влатко Котески поради „постоење на сомневање дека во наведениот период на меѓународен турнир одржан во Унгарија е сторен дисциплински престап од страна на Помошникот тренер Влатко Котески, со што директно е нарушен угледот на клубот“.

Агенцијата за млади и спорт уште пред објавувањето на ова соопштение веќе побарало дополнителни информации и од Министерството за внатрешни работи.

„АМС преку електронските медиуми дозна за овој немил настан и веднаш по сознанијата пристапи кон собирање информации за случувањата во Унгарија, при што добивме информација од МВР дека настанот од страна на родителот на малолетниот играч уредно е пријавен кај нив, и МВР во рамки на своите надлежности ја спроведува понатамошната истрага за случајот“, одговориле од АМС до „24ракомет“.

Татко на малолетен ракометар од Скопје пријавил дека тренерот го нападнал син му во Унгарија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот