фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Аморим: Бруно Фернандеш нема да го напушти Манчестер јунајтед

Пред неколку дена се зборуваше за заминување на Бруно Фернандеш (30) во шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид. Капитенот на Манчестер јунајтед има одлични игри како еден од најискусните на теренот со помладите колеги.

Токму затоа почнаа шпекулирањата за негово заминување, но менаџерот на „црвените ѓаволи“ Рубен Аморим јасно одговори дека не сака да го пушти Фернандеш да си оди:

– Не, тоа нема да се случи. Тој нема да оди никаде. Тој нема да оди никаде затоа што веќе му кажав – рече Аморим.

Фернандеш без сомнение е најконстантниот и најдобриот играч на англиската екипа оваа сезона.

Има важечки договор со Јунајтед до 30 јуни 2027 година и моментно според Трансфермаркт вреди 55 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот