Американските царини ја тресат германската индустрија – сѐ повеќе компании ги кратат инвестициите и ги зголемуваат цените
Американската царинска политика сè посилно ја погодува германската индустрија, а последиците веќе се чувствуваат преку намалени инвестиции, повисоки трошоци и неизвесност во работењето, покажува најновото истражување на Институтот за економски истражувања Ifo од Минхен.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Анкетата, спроведена меѓу околу 1.800 производствени компании, покажува дека 62 проценти од испитаниците веќе бележат негативно влијание од американските царини. Најпогодени се извозно ориентираните сектори, при што 74 проценти од компаниите во автомобилската индустрија пријавиле негативни последици, додека сериозни проблеми има и во машинската индустрија.
Истражувањето за првпат анализира и кој го сноси товарот од дополнителните царински трошоци. Околу 34 проценти од германските извозници целосно ги префрлиле повисоките трошоци на американските купувачи, а уште 28 проценти успеале да префрлат повеќе од половина од товарот. Сепак, секоја четврта компанија е принудена најголемиот дел од трошоците да ги покрива сама, што директно ги намалува профитните маржи.
Неизвесноста околу американската трговска политика влијае и врз инвестициските планови. Речиси 40 проценти од компаниите ги промениле своите инвестиции, односно ги одложиле, измениле или целосно ги откажале проектите. Во исто време, 16 проценти од анкетираните компании ги намалиле инвестициите во Германија – речиси двојно повеќе отколку минатата година.
Повеќето компании не очекуваат брзо подобрување на состојбата. Дури 63 проценти сметаат дека високите американски царини ќе останат во сила до крајот на мандатот на американскиот претседател Доналд Трамп, а дел од нив очекуваат и дополнително зголемување.
Според експертите од Ifo, американската трговска политика повеќе не влијае само врз извозот, туку сè повеќе ги менува и долгорочните одлуки на компаниите за тоа каде ќе инвестираат и ќе градат нови производствени капацитети.
Трамп се закани со 100 отсто царини за Европа, никој не ни трепна


