Американскиот рапер Офсет / Фото: Image Press Agency / Alamy / Profimedia

Американскиот рапер Офсет пуштен од болница по пукањето: „Животот е коцка, а јас сѐ уште играм за да победам“

Раперот Офсет е пуштен од болница неколку дена откако беше ранет во пукање пред казино во Флорида, пренесува „Си-би-ес њуз“.

Тој беше хоспитализиран во понеделник во стабилна состојба, а сега преку своите социјални мрежи потврди дека е пуштен од болница и дека веќе станал и се движи.

„Им благодариме на лекарите, медицинските сестри и целиот болнички персонал што толку добро се грижеа за него“, изјавиле неговиоте претставници.

Исто така, Офсет се заблагодари за поддршката и истакна дека останува фокусиран на враќањето во нормален живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by OFFSET (@offsetyrn)

„Им благодарам на сите што се грижеа за мене и ми покажаа љубов. Добро сум, но планирам да бидам уште подобро. Фокусиран сум на моето семејство, закрепнувањето и враќањето на музиката. Сфаќам дека животот се состои од тивки победи и гласни порази. Животот е коцка и јас сѐ уште играм за да победам“, наведе тој.

Полициската управа на Семинол за „Пипл“ изјави дека раперот Лил Џеј бил уапсен на 6 април поради инцидент во казино и е обвинет за прекршок – нарушување на јавниот ред и мир. Следниот ден бил пуштен со кауција од затворот во округот Брауард.

Од полицијата додаваат дека уште едно лице било приведено на местото на настанот, но не било обвинето, додека властите работат на идентификација на едно или повеќе дополнителни лица вклучени во инцидентот.

Адвокатката на Лил Џеј, Доун Флорио, ги негираше гласините дека тој бил вмешан во пукањето.

„Лил Џеј не е застрелан, ниту е обвинет за какво било пукање. Секое спротивно известување е неточно.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот