epa07608939 US rapper Ice Cube attends US director F. Gary Gray unveiling ceremony of his 2,665th Star on the Hollywood Walk of Fame in Hollywood, California, USA, 28 May 2019. The star was dedicated in the Category of Motion Pictures. EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Американскиот рапер Ајс Кјуб објави фотографија од југословенска хероина на твитер, за последните објави медиумите го обвинуваат за ширење на руска пропаганда и антисемитизам (ФОТО)

Американскиот рапер, актер и автор Ајс Кјуб се најде како мета на жестоки критики поради објавување на фотографии за кои се тврди дека шират антисемитизам, а во меѓувреме сподели и фотографија од Лепа Радиќ, учесничка во Нардноослободителната борба, девојка прогласена за народен херој на Југославија.

Ајс ја објави фотографијата на социјалната мрежа Твитер без никаков коментар, меѓутоа под објавата следеа одговори, преку 700 споделувања и 2.500 лајкови.

 

Ајс деновиве е под голем притисок од медиумите дека споделува објави кои потикнуваат антисемитизам, како и теории кои наводно потекнуваат од руски портали и фејсбук-групи, а за цел имаат да шират лажни вести и/или да го изманипулираат мислењето на читателот.

Критиките кон раперот беа упатени откако вчера објави фотографија со фотографии насловени „Црната коцка на Сатурн“ на кои се гледа споменици во форма на црна коцка во неколку градови ширум светот.

Според медиумите, „Црната коцка на Сатурн“ наводно претставува симбол за идентификување на обожувачи на Сатаната, барем според луѓе што веруваат во теории на заговор. Авторот на реномираниот американски магазин „Атлантик“, Адам Сервер посочува дека има и уште една приказна позади црните коцки, односно дека луѓето кои веруваат во теории на заговор, веруваат дека „Црната коцка на Сатурн“ е симбол за „Еврејска контрола на светот“

„Неговите раководители му кажуваат каква идеологија треба да шири“, „Ова сра*е не е вистинско, одиш на блок Ајс“, „Зошто го објавуваш ова?“, „Навистина треба да го тргнеш ова од профилот“, се само дел од изреволтираните коментари за постапката на Ајс Кјуб.

Веста за објавите на познатиот рапер ја пренесоа и највлијателните светски медиуми – BBC, Independent, Fox News, People и многу други.

За обвинувањата, Ајс посвети твит: „Мојот профил не е хакиран. Не зборувам за ничија организација. Само зборувам за добрите луѓе на Земјата. Не очекуваме трошки од вашата маса. Ја имаме моќта на семоќниот Бог за сите нас на Земјата. Доста зборување. Покајте се“.

Ајс Кјуб е познат и по улогите во филмовите, а еден од нив е „Boyz n the Hood“. Исто така, тој е автор и на сценариото за филмот „Friday“ од 1995 година, за кој напишал 2 продолжетоци. Автор и режисер е на филмот „The Player’s Club“.

Лепа Радиќ

Лепа била жртва на Втората светска војна. Всушност, за време на инвазијата на нацистите во периодот од 1941 до 1945 година, таа била погубена на 17-годишна возраст.

Кога побегнала од родното село, таа им се приклучила на партизаните, а учествувала и во неколку важни битки. Нејзиното семејство било погубено и таа продолжила да се бори самата.

За време на нападот на германската 7-ма дивизија на СС „Принц Јуџин“, таа ги испукала сите куршуми кон Германците и се борела херојски до крај. Сепак, најпосле ја совладале. После 3-дневно малтретирање, таа била обесена. Рацете ѝ биле врзани со телефонски кабел, без чевли, само со волнени чорапи.

Пред да ѝ биде ставено јажето околу врат, таа извикала: „Бори се народе за својата слобода и не се предавај во рацете на непријателот! Мене нека ме убијат, ќе има кој да ме освети!“.

Кога на местото на погубување и рекле дека ќе се смилуваат со нејзиниот живот доколку каже кои се раководници и комунисти помеѓу заробениот народ и партизаните, таа одговорила:

„Не сум предавник на својот народ. Тие сами ќе се откријат кога ќе го уништат непријателот, како што сте вие!“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот