Американскиот министер за одбрана предупреди на безбедносните ризици што ги носат климатските промени

Лојд Остин
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин / Фото: Архива

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин предупреди на глобалните безбедносни ризици што ги предизвикуваат климатските промени.

– Климатските промени го прават светот понебезбеден и треба да дејствуваме, рече Остин на самитот за климата чиј домаќин е американскиот претседател Џо Бајден.

– Денес, ниедна нација не може да најде трајна безбедност без да се справи со климатската криза. Ние се соочуваме со сите видови закани во нашата работа, но малкумина од нив навистина заслужуваат да бидат наречени егзистенцијални. Климатската криза е токму тоа, рече Остин.

Тој посочи на топењето на мразот на Арктикот и на зголемената конкуренција за ресурси и влијание во регионот.

И во Африка и Централна Америка, милиони луѓе се погодени од суша, глад и раселување поради зголемувањето на температурите и екстремните временски услови, рече тој.

Во Пацификот, зголемувањето на нивото на морето и почестите и посилни бури ги ставаат луѓето во опасност.

Масовната миграција на луѓе кои бараат сигурност и безбедност ги става во опасност да бидат искористени и радикализирани, што ја нарушува стабилноста, рече тој.

Климатските промени исто така ја отежнуваат работата на безбедносните сили, рече Остин.

– Од брег до брег и низ целиот свет, климатската криза предизвика значителна штета и ги доведе луѓето во опасност, што ни го отежнува извршувањето на мисијата за одбрана на САД и нашите сојузници, истакна американскиот министер за одбрана.

Бајден покани 40 шефови на држави и влади на дводневен самит во климата. Состанокот е со цел да се соберат најголемите економии за да се постават поамбициозни цели за намалување на јаглеродот и се смета за важна подготовка пред конференцијата на ОН за климата во Глазгов во ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот