Американскиот Конгрес го одобри законот за помош на економијата вреден 484 милијарди долари
Трамп претходно го повика Конгресот да даде поддршка за новиот пакет помош, ветувајќи дека штом биде изгласан тој ќе го потврди.
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес вчера го одобри законот вреден 484 милијарди долари наменет за малите и средни претпријатија погодени од корона кризата како и болниците со цел да можат да се справат со големиот број тешко заболени лица.
Препорачано
Претставничкиот дом со 388 гласа „За“ и пет гласа „Против“ ги усвои мерките што во вторникот едногласно беа прифатени од Сенатот. Законот сега треба да го потпише американскиот претседател Доналд Трамп по што тој стапува на сила.
Со законот се предвидува пакет помош вреден повеќе од 320 милијарди долари наменети за малите и средни претпријатија кои се најтоа на удар на кризата предизвикана од Ковид – 19, потоа 75 милијарди помош наменета за болниците, 25 милијарди за тестирање и повеќе од 60 милијарди долари наменети за заеми за други сектори.
Законот, кој дојде по тешки преговори меѓу демократите и републиканците, е четврт пакет по ред за спас на економијата. Овие четири мерки заедно имаат вредност од 3 билиони долари помош.
Трамп претходно го повика Конгресот да даде поддршка за новиот пакет помош, ветувајќи дека штом биде изгласан тој ќе го потврди.


