Поранешниот шеф на кабинет на Обама: Трамп ги остварува заветите на Сталин
Поранешниот американски амбасадор во Јапонија Рам Емануел предупредува дека претседателот на САД, Доналд Трамп со својата политика ги остварува соништата на советскиот диктатор Јосиф Сталин.
Препорачано
Според Рам Емануел, кој е и поранешен конгресмен од Илиноис и шеф на кабинетот на експретседателот Барак Обама, Трамп поттикнува поделби во НАТО и ги нарушува децениските атлантски партнерства, што е токму она за што сонувал Сталин.
„Да се подели НАТО и да се наруши атлантската алијанса …Уште од времето на Русија под Јосиф Сталин, тоа беше единствената цел (на Москва), а американскиот претседател ја остварува тој завет на Сталин, рече Емануел, според „The Hill“.
Емануел вели дека актуелната американска администрација „ги остварува сите цели на руската надворешна политика“, меѓу другото и со тоа што прифаќа билатерални преговори со Москва.
Поранешниот амбасадор им порача на европските лидери да испратат свои преговарачи бидејќи на американските им треба „надзор од возрасни“.
-Да бев европеец, ќе речев: ‘Одлично, одиме. Да седнеме на преговарачката маса’. Бидејќи тимот на Соединетите Американски Држави има потреба од надзор од возрасни, рече Емануел.


