Американската поп пејачката Кристина почина од коронавирус

Фото: Принтскрин

Поп пејачката Кристина, со полно име Кристина Мон-Зилка, беше дел од подземната сцена од осумдесеттите години во САД, a почина како резултат од коронавирусот, пренесува „Гардијан“.

Пејачката која беше позната по хитовите „Things fall apart“, „Disco clone“ почина на 61-година , а веста на социјалните мрежи ја објави нејзиниоит пријател и професор Стив Васерман.

Нејзиниот успех на сцената беше краток, меѓутоа значаен.

Музиката на Кристина се слушаше по американските клубови, пред заедно со својот сопруг, Маркл Зилк, да се пензионира и пресели во Тексас во 1985 година.

По 1990 година, Кристина се врати во Њујорк каде пишуваше музички есеи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот