Американската амбасада во Сараево нема да шпекулира за наводни изјави за територијални поделби

Американската амбасада во Сараево соопшти дека нема да шпекулира за наводни изјави на словенечкиот претседател Борут Пахор дека во Европа има сè повеќе гласини дека распадот на Југославија треба да се заврши, додавајќи дека Дејтон и Уставот не им даваат право на субјектите да се одделат.

„Позицијата на САД по ова прашање е добро позната и останува непроменета. Ние сме посветени на принципите на Дејтон – Босна и Херцеговина е демократска, мултиетничка, суверена и независна држава со несомнен територијален интегритет“, соопшти американската амбасада.

Јанша ги предводи земјите на ЕУ кои сакаат „Голема Србија“ и распарчување на БиХ, Црна Гора и Северна Македонија

Амбасадата истакна дека што се однесува до статусот на БиХ, не се важни мислењата, туку фактите и меѓународното право.

Членот на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, денес изјави дека Пахор, при неодамнешната посета на БиХ, на состанокот со членовите на Претседателството на БиХ рече дека „во последно време во Европа има се повеќе гласини дека треба да се заврши распадот на Југославија“.

Комшиќ рече дека Пахор ги прашал дали се за „мирно разидување во БиХ“, и дека тој и бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ, одбиле, а српскиот член Милорад Додик одговорил потврдно.

Американската амбасада во БиХ посочи дека територијалниот интегритет и суверенитет на БиХ се загарантирани со Дејтонскиот мировен договор.

„Ниту Дејтон ниту Уставот на БиХ не даваат право на одделување на ниту еден од двата ентитета. Секоја акција насочена кон демонтирање на БиХ претставува кршење на Дејтонскиот мировен договор“, велат тие во изјавата за сараевскиот „Аваз“.

Тие истакнаа дека „примарната цел на сецесионистичката реторика е да се тргне од напорната работа и одговорен дијалог, кои се потребни за реформи што ќе ја вратат довербата на граѓаните, ќе го поттикнат економското закрепнување и ќе придонесат за напредокот на БиХ во остварувањето на целите на ЕУ“.

„Ниту еден субјект нема иднина надвор од БиХ“, предупреди американската амбасада во Сараево.

Извор: Бета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот