Американка си ја обои куќата во црно и стана вирален хит: Зошто? Затоа што е 2020 година

Некои уметници се чини дека наоѓаат инспирација дури и на прилично непредвидливи места. Една таква личност е американската дизајнерка Хана Бичлер.

Хана Бичлер пред вратата на нејзината куќа / Фото: Твитер

Хана е добитничка на Оскар, работела на реномирани проекти како што се албумот на Бијонсе наречен „Lemonade“ и филмот „Black Panther“, но дури сега го привлече вниманието на целиот свет поради многу необична причина.

Дизајнерката моментално живее во Њу Орлеанс и како што вели, ја обоила својата куќа во црно во име на 2020 година, за која смета дека е „црна“ за целиот свет. Бичлер истакна дека многу црни настани ја обележаа оваа година, па затоа ѕидовите, кровот, ролетните и прозорските рамки ги обоила во црно.

Изгледот на нејзината куќа / Фото: Твитер

За многу кратко откако се пофали на социјалните мрежи за „реновирањето“, таа стана вирален хит. Таа на социјалната мрежа „Twitter“ објави неколку фотографии од куќата.

Во спомен на 2020 година, ја обоив мојата куќа во црно“, напиша таа.

Хана е пресреќна поради промената, нејзината црна куќа стана вирална на социјалните медиуми

Бројни корисници на оваа мрежа беа импресионирани од нејзината креативност и ја пофалија нејзината идеја во коментарите.

Оваа година, пандемијата на коронавирусот го „затвори“ целиот свет, а воедно многумина загубија свои блиски роднини и пријатели од последиците на оваа ужасна болест.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот