Фото: cnbc

Американците да се воздржат од какви било авантури во Персискиот залив, порача иранската револуционерната гарда

Ние ги советуваме Американците да се придржуваат до меѓународните регулативи и поморските протоколи во Персискиот и Оманскиот залив и да се воздржат од какви било авантури и невистинити и лажни приказни- се наведува во соопштението на Револуционерната гарда.

Иран одлучно ќе одговори на секоја грешка што во Перискиот залив ќе ја направат САД, објави денеска морнарицата на иранската Револуционерна гарда на својата интернет страница „Сепах њуз”.

Британските медиуми потсетуваат дека американската армија во средата информира дека 11 бродови на морнарицата на Револуционерната гарда во една ситуација во Заливот опасно се доближиле до американските морнарички бродови и крајбрежна стража, нарекувајќи го  потегот „опасен и провокативен”.

-Ние ги советуваме Американците да се придржуваат до меѓународните регулативи и поморските протоколи во Персискиот и Оманскиот залив и да се воздржат од какви било авантури и невистинити и лажни приказни- се наведува во соопштението на Револуционерната гарда.

САД треба да бидат убедени дека морнарицата на Револуционерната гарда и силните вооружени сили на Исламската Република Иран ги сметаат сите опасни активности на странците во регионот како „закана за националната безбедност и црвената линија”, и секоја погрешна пресметка од страна на американската страна би довела до „одлучувачки одговор”, се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот