АМЕРИКА ВО ШОК: Полицајци на коњи носеле приведено лице врзано со јаже

Полицијата во Галвстон, Тексас беше остро критикувана откако на социјалните мрежи откако синоќа се појави фотографија на двајца полицајци на коњи кои парадираат со маж од афроамериканско потекло со лисици на раце и врзано јаже.

Тексашката полиција веднаш упати извинување со појаснување дека употребата на јаже „е испробана техника и најдобар начин на справување во специфични ситуации.”

Полицијата испрати извинување и до лицето на фотографијата, подоцна идентификувано како Доналд Нили, бездомник со биполарно психолошко пореметување, кого полицијата го нашла во двор во приватна куќа во Галвстон.

Сепак, тоа не ги запре жолчните реакции од повеќе поединци и групи во САД дека фотографијата евоцирала контексти од ропството во Америка во 17 и 18 век. Реакции имаше и од претставници на Демократската партија.

– Се што знам е дека двајца бели полицајци јаваат коњи и по улица шетаат црнец заврзан со јаже и во лисици. Тоа нема никаква смисла. Точка – изјави Леон Филипс од Коалицијата за правда во Галвстон.

Демократскиот кандидат за член на американскиот Конгрес од Тексас, Андриен Бел, ја објави фотографијата на Фејсбук која беше споделена и коментирана стотици пати. Во коментар таа напиша дека „тешко е да се разбере зошто овие полицајци морале да му стават ремен на овој млад човек”.

Јавниот правобранител на Њујорк, Ребека Кавано, ги критикуваше полицајците и изјави дека се однесувале како „робовладетели“.

„Полицајците го носеле по улиците… Јавале на коњи, како да се робовладетели, а тој нивни роб“, пишува Кавано на Твитер.

Фотографијата од Тексас се појави неколку денови после масовната пукотница во трговски центар на Волмарт во Ел Пасо, Тексас, при што загинаа 22 лица, а триесетмина беа провредени. Напаѓачот, кој е фатен од полицијата, бил мотовиран од нацистичката идеологија за супериорност на белата раса.

Слични пукотница во која загинаа девет лица викендов се случи и во Дејтон, Охајо.

Зголемениот број на масовни пукања во САД во изминативе години опонентите на власта го лоцираат во антиимигрантските повици на претседателот Доналд Трамп „исполнети со омраза и расистичка реторика”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот