Фото: EPA/ERNESTO MASTRASCUSA

Америка ѝ се остри на Куба

Пентагон соопшти дека подготвува планови за различни можни сценарија во Куба и останува подготвен да ги спроведе наредбите на претседателот кога ќе бидат дадени.

Военото планирање за можна операција предводена од Пентагон во Куба молчешкум се засилува, во случај претседателот Доналд Трамп да издаде наредба за интервенција, дознава „Ју-ес-еј тудеј“.

Два извора запознаени со наредбата зборувале за медиумот под услов на анонимност, бидејќи не се овластени да комуницираат со јавноста.

Овие директиви изгледа претставуваат ескалација на неодамнешните тензии меѓу САД и Куба, кои започнаа во јануари кога администрацијата на Трамп ги ограничи испораките на нафта кон Куба како дел од поширока кампања за наметнување длабоки политички промени на комунистички управуваниот остров.

Пентагон се спрема за различни сценарија

Пентагон соопшти дека подготвува планови за различни можни сценарија и останува подготвен да ги спроведе наредбите на претседателот кога ќе бидат дадени.

САД и Куба признаа дека се во рана фаза од обидите да најдат излез од кризата, но не е јасно колку отстапки е подготвена да направи секоја страна. Двете земји во март разговараа за можен историски економски договор што би можел да ги подобри односите.

И покрај тоа што вниманието на администрацијата на Трамп во меѓувреме се префрли на војната со Иран, тензиите меѓу Вашингтон и Хавана се зголемија во последните недели. Трамп навести дека очекува наскоро да ја има „честа“ да „ја преземе Куба, во некаква форма“, додавајќи: „Без разлика дали ќе ја ослободам или ќе ја преземам – мислам дека можам да правам што сакам со неа“.

Куба на тркала му пркоси на Трамп, а тој ја тркала кон бездна

Првин Иран, па Куба

Трамп пред неколку дена изјави во Белата куќа: „Можеби ќе застанеме на Куба кога ќе завршиме со ова“, мислејќи на тековниот конфликт со Иран.

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел порача дека земјата ќе се брани во случај на американски напад.

– Ќе се бориме, ќе се браниме и ако паднеме во битка, умирањето за татковината значи живот – изјави Дијаз-Канел.

Тајната американска операција на 3 јануари, со која поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро беше извлечен од неговиот комплекс во Каракас, предизвика шок кај венецуелската и кубанската дијаспора во Јужна Флорида и поттикна шпекулации дека Куба би можела да биде следната цел. Во раната утринска акција, биле убиени 32 кубански војници кои го чувале претседателот.

Сепак, за разлика од подготовките за воените операции во Венецуела и во Иран, американските власти досега не ја претставуваат Куба како „непосредна закана“ за САД, вели директорот на Институтот „Џек Д. Гордон“ за јавна политика при Универзитетот Флорида Интернешнл, Брајан Фонсека.

Со децении, американските власти размислуваат за некаков облик на воена интервенција во Куба, уште од 1959 година, кога Фидел Кастро и неговите сили ја презедоа власта во Хавана и се поврзаа со Советскиот Сојуз.

Со оглед на ослабената состојба на кубанската воена опрема и можната неподготвеност на офицерите да го бранат непопуларниот режим, евентуална американска операција веројатно би била брза и убедлива воена победа, оценува Фонсека.

Куба вели дека ќе ослободи над 2.000 затвореници, дали земјата попушта под притисокот на Трамп?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот