Куба вели дека ќе ослободи над 2.000 затвореници, дали земјата попушта под притисокот на Трамп?

Куба во четвртокот соопшти дека ќе ослободи повеќе од 2.000 затвореници од затворите на островот, што е вторпат оваа година комунистичката власт да најави амнестија за затвореници во услови на разговори со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Ројтерс“.

Кубанскиот државен весник „Гранма“ ја нарече мерката „хуманитарен и суверен гест“.

Одлуката за ослободување на 2.010 затвореници „произлезе од внимателна анализа на кривичните дела извршени од осудените, нивното добро однесување во затвор, фактот дека отслужиле значителен дел од казната, како и нивната здравствена состојба“, се наведува во извештајот на „Гранма“.

ВИДЕО | Куба на тркала му пркоси на Трамп

Кубанската влада постојано отфрла какви било тврдења дека носи одлуки под притисок од САД. Сепак, времето на објавувањето во четвртокот се совпадна со најинтензивната кампања на притисок што Вашингтон ја применува врз Куба во последните децении.

Американскиот Стејт департмент засега не одговорил на барањето за коментар за ослободувањето.

Ослободувањето на затворениците, едно од најголемите вакви помилувања во последните години, доаѓа еден ден откако главниот кубански дипломат во Вашингтон јавно ја повика американската влада да помогне во обновата на осакатената кубанска економија, како дел од тековните преговори кои сè уште не дале резултат.

Куба во март ослободи 51 затвореник во рамки на договор со Ватикан.

Групите за човекови права тврдат дека комунистичката власт на островот држи стотици политички затвореници, иако проценките за нивниот број варираат.

Не е јасно колку од повеќе од 2.000 затвореници опфатени со најновото ослободување биле осудени за обични кривични дела, а колку по обвиненија поврзани со антивладини протести.

ВИДЕО | Исчезнаа два брода со хуманитарна помош за Куба – мексиканската морнарица се пушти во потрага

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот