Американска војска САД EPA-EFE/STAN GILLILAND

Америка на чекор до копнена инвазија на иранскиот остров Харг

Високи американски функционери последниве денови ги информирале своите колеги во Израел и во други земји дека САД се чини дека немаат друг избор освен да започнат копнена воена операција и да го освојат иранскиот остров Харг, објави израелски „Џерусалем пост“ повикувајќи се на двајца извори запознаени со ситуацијата.

Островот Харг, кој се наоѓа во Персискиот Залив, е главен центар за извоз на нафта на Иран, при што 90 проценти од суровата нафта оди во Кина. Во рамките на американската администрација, окупацијата на островот се дискутираше во последните денови со цел да се принуди Иран да ја прекине блокадата на пловидбата низ Ормускиот Теснец.

Американски функционер потврди за израелскиот медиум дека „американската војска го забрза распоредувањето на илјадници маринци и персонал на морнарицата на Блискиот Исток“.

Тоа распоредување ја вклучува амфибиската борбена група „УСС Боксер“, која се состои од амфибискиот јуришен брод „УСС Боксер“ , кој функционира како лесен носач на авиони и амфибиските транспортни бродови „УСС Портланд“ и „УСС Комсток“. Овие три брода носат приближно 4.500 маринци и дополнителен борбен персонал.

Трамп се заканува на енергетската инфраструктура на Иран

Пред околу недела и пол, САД нападнаа воени цели на островот Харг, по што американскиот претседател Доналд Трамп напиша на социјална мрежа „Трут соушал“ (Truth Social) : „Ги уништивме сите воени цели на островот“.

Претседателот додаде дека во тоа време одлучил да не ја уништи целата нафтена инфраструктура на островот, но предупреди: „Доколку Иран го наруши движењето во Ормускиот Теснец, ќе размислам повторно“.

Завчера, Трамп му се закани на Иран, наведувајќи дека доколку блокадата на теснецот не се укине, тој ќе ги нападне иранските електрани.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот