Фото: Donald Tramp / ZUMAPRESS.com / MEGA / The Mega Agency / Profimedia

Му забранив на Израел да го бомбардира Либан, вели Трамп: „Доста е!“

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД му забраниле на Израел да продолжи со бомбардирањето во Либан, користејќи невообичаено поостар тон кон долгогодишниот сојузник, објави „Ројтерс“.

„Израел повеќе нема да го бомбардира Либан. Tоа му е забрането од САД. Доста е!“, напиша Трамп во објава на социјалните мрежи.

Трамп рече и дека каков било договор што САД ќе го постигнат со Иран „во никој случај не е поврзан со Либан“, но дека САД ќе се „справат“ со ситуацијата со милитантната група Хезболах на соодветен начин.

Американскиот претседател додаде и дека САД ќе добијат нуклеарен материјал од Иран.

„Никакви пари нема да се разменуваат на кој било начин, во која било форма“, рече Трамп.

Објавите на Трамп доаѓаат откако иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи изјави дека преминот за сите трговски бродови низ Ормускиот Теснец е „целосно отворен“ во преостанатиот период од примирјето.

Трамп: Израел и Либан се согласија на десетдневно примирје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот