Америка им го отежнува пријавувањето за „зелена карта“ на голем број луѓе
Странците кои се во САД со визи за привремен престој, а сакаат во исто време да аплицираат за американска „зелена карта“, отсега во најголем дел од случаите ќе мораат да се вратат во своите држави и да ја продолжат процедурата во некои од американските конзуларни претставништва, јавува „Ројтерс“.
Препорачано
Новата политика на администрацијата на претседателот Доналд Трамп предвидува барањата за постојан престој главно да се обработуваат преку конзулатите и амбасадите во странство. Тоа значи дека студентите, туристите и привремените работници повеќе нема да можат лесно да аплицираат за „зелена карта“ додека престојуваат во САД, освен во „вонредни и исклучителни околности“, како што наведува Службата за државјанство и имиграција.
Досегашната практика им овозможуваше на дел од странските државјани да го променат својот статус и да добијат постојан престој без да ја напуштат земјата. Според „Вашингтон пост“, повеќе од половина од одобрените „зелени карти“ досега биле издавани преку процедурата наречена „adjustment of status“.
Од Службата наведуваат дека новата мерка треба да ги растовари институциите и да овозможи повеќе ресурси за обработка на други предмети, меѓу кои визи за жртви на насилен криминал и трговија со луѓе, како и барања за натурализација.
Администрацијата на Трамп од почетокот на вториот претседателски мандат значително ја заостри имиграциската политика и контролата на границите во САД.
Во акциите на Трамп против имигрантите „настрада“ тетката на неговата портпаролка


