Керолин Левит, портпаролка на Белата куќа EPA-EFE

Во акциите на Трамп против имигрантите „настрада“ тетката на неговата портпаролка

Американските имиграциски власти ја привеле тетката на портпаролката на Белата куќа, Керолин Левит, јавија американските медиуми повикувајќи се на официјални претставници.

Портпаролот на Министерството за внатрешна безбедност на САД потврди дека американските имиграциски служби уапсиле една жена, Бруна Каролина Фереира, која е родена во Бразил, но одби да даде детали за случајот.

Министерството за внатрешна безбедност соопшти дека Фереира влегла во САД со туристичка виза и дека не ја напуштила земјата, но на веб-страницата GoFundMe, која ја организирала нејзината сестра, е објавено дека Фереира има легален статус во рамки на програмата Одложена акција за доаѓање на деца (DACA).

Министерството за внатрешна безбедност (DHS) соопшти дека Фереира претходно била уапсена поради нанесување телесни повреди, но не даде дополнителни детали, а Ројтерс не можел независно да ја потврди оваа информација.

Фереира била приведена во Ревер, во сојузната држава Масачусетс, недалеку од Бостон, а DHS соопшти дека таа моментално се наоѓа во притворски центар на ICE во Луизијана.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно нареди да се зголеми бројот на имиграциски службеници во поголемите градови низ САД, во обид да се достигне историски максимум на бројот на депортирани.

Оваа мерка се однесува и на многу странци кои долго време живеат во САД, како и на лица кои не се криминалци, пренесува Танјуг.

Според статистичките податоци на американската имиграциска служба (ICE), повеќе од две третини од околу 53.000 лица уапсени и притворени од ICE заклучно со 15 ноември, немале кривични досиеја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот