Амбер по скандалот со поранешниот сопруг Џони Деп: Ништо не можеше да ме подготви за 2020

Instagram
Instagram

Актерката Амбер Хард (34) која во последните месеци беше во средина на скандалот, ја отвори душата во интервјуза странските медиуми.

„Ништо не можеше да ме подготви за 2020 година, да се разбереме. Мислам дека не сум единствена што така мисли“, изјави таа зборувајќи за пандемијата на коронавирусот и судската битка со поранешниот сопруг, актерот Џони Деп (57) поради семејното насилство врз неа.

Profimedia
Profimedia

Кога во март настапи пандемијата на коронавирусот, Амбер ја снимаше серијата „The Stand“ во која од последици од глобална пандемија на грип умираат 99 проценти од населението.

„Престанавме да снимаме на крајот на март, но сеедно морав повторно да одработам некои сцени кога сè започна да се отвара“, објасни таа.

Profimedia
Profimedia

Нејзиниот поранешен сопруг, актерот Џони Деп неодамна ја изгуби тужбата против британскиот таблоид „The Sun“ кој објави дека тој ја злоставувал сопругата Амбер. Како тоа да не беше доволно, Деп на барање на продукциската куќа „Warner Bros“ беше принуден и да го напушти филмот „Фантастични ѕверки“.

Преземено од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот