Амбасадорот на ОБСЕ во Тирана им покажа среден прст на демонстранти, па јавно им се извини (ФОТО+ВИДЕО)

По неколкучасовните дебатирања на социјалните мрежи од страна на пошироката јавност во Албанија, за тоа дали амабасадорот на ОБСЕ во Тирана, Бернд Боршард направил недоличен гест кон демонстранти од „Астир“, тој самиот потврдил дека им покажал среден прст, пренесува Газета Мапо.

Денеска амбасадорот реагираше преку објава на Твитер, барајќи извинување за неговиот гест, додавајќи и дека го поддржува правото на Албанците за мировни протести.

„Би сакал навистина да им се извинам на тие што можеби сум ги навредил вчера. Јас го почитувам правото на Албанците за мирни протести“ , напишал амбасадорот.

Синоќа, амабасадорот поминуваше низ тротоарот до Полициската дирекција во Тирана, каде група на демонстранти,  жители на „Новиот кружен тек“ протестираа за ослободување на нивни блиски роднини кои беа уапсени во текот на денот откако го блокираа патот во „Астир“.

Прочитајте и...  Албанија за безбеден одмор на туристите ангажираше 1.600 полицајци

Амабасадорот помина лпокрај протестантите, а некои од нив му се обратија со зборовите „Shame on you“(Засремете се).

И во тој момент Борчард го покажал средниот прст од десната рака. Видеото и фотографиите од овој гест на амабасадорот кои кружат од синоќа на социјалните мрежи, предизивикаа лавина реакции.

Инаку, жителите на областа „Астир“ во Тирана протестираат веќе втора година против изградба на „Новиот кружен тек“, со кое се предвидува и рушење на неколку околни објекти.

Прочитај повеќе

Царовска од Крњево: Ја намаливме невработеноста кај младите и ќе продолжиме да инвестираме во нив

Слободен печат

Грција од утре ги затвора границите за Србите

Слободен печат

Албанија за безбеден одмор на туристите ангажираше 1.600 полицајци

Слободен печат

ГДУ: Помалку часови, помали паралелки и специјализирана настава според потребите на младите таленти

Слободен печат

Четворица работници загинаа, а еден е повреден при уривање на трговски центар во изградба во Москва

Слободен печат

Заев од Струмица: На 15 јули изборот е едноставен – повисоки плати за сите или богатење на неколкумина блиски до Груевски (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Пораст на новозаразени во Јужна Африка: Над 10.000 нови случаи на коронавирус

Слободен печат

Анти Ковид 19 правила за на плажа: Без дружби, на 6 метри дистанца!

Демонстрантите ја собориле статуата на Колумбо во Балтимор и ја фрлиле во океанот (ВИДЕО)

Слободен печат

Заев: Поднесовме кривични пријави за „бомбите“ објавени последниве денови

МИА агенција

Јанушев: Се обврзуваме на реконструкција и рехабилитација на над 1.000 километри патишта (ВИДЕО)

Филипче: Почина првиот доктор од компликации на коронавирусот

Слободен печат