Амбасадата на САД за изјавата на Бериша: Се бориме против корупцијата и неказнивоста

Сали Бериша / Фото: EPA/ARMANDO BABANI

Амбасадата на САД во Тирана реагираше по изјавата на поранешниот премиер Сали Бериша дека поднесол тужба против американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, пренесува албански „Егзит“.

Блинкен на почетокот на оваа година објави дека САД им забраниле на Бериша и неговото семејство влез во земјата, наведувајќи го фактот дека официјално ги сметаат поранешниот албански премиер и неговото семејство за корумпирани.

 „Помеѓу извршната наредба на претседателот Џо Бајден, објавата на секретарот Ентони Блинкен, изјавите на амбасадорката Јури Ким за медиумите минатата и нејзиниот едиторијал оваа недела, позицијата на САД е јасна и непроменета: Борбата против корупцијата е основен интерес за националната безбедност на САД и ќе ги искористиме сите расположиви инструменти за справување со корупцијата и неказнивоста”, се наведува во реакцијата на амбасадата.

 Поранешниот албански премиер и екс претседател,  Бериша рече дека тужбата е поднесена во негово име од адвокат во Париз, кого го ангажирал откако Блинкен одлучил да го прогласи за персона нон грата, обвинувајќи дека зад се стои  Џорџ Сорос и Еди Рама  со „нивните дезинформации”.

Сали Бериша поднесе тужба против Ентони Блинкен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот