Сали Бериша поднесе тужба против Ентони Блинкен

Сали Бериша / Фото: EPA/ARMANDO BABANI

Поранешниот албански премиер Сали Бериша, кој претходно се наоѓаше на „црната листа” на САД, поднесе тужба до парискиот суд против американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Блинкен на почетокот на оваа година објави дека САД им забраниле на Бериша и неговото семејство влез во таа земја, наведувајќи го фактот дека САД официјално ги сметаат поранешниот албански премиер и неговото семејство за корумпирани.

Бериша денеска изјави дека тужбата е поднесена во негово име од адвокат кој го ангажирал откако Блинкен одлучил да го прогласи за персона нон грата, а по дезинформациите на Сорос, пренесува приштинскиот весник Коха.

Како што истакна Бериша, неговиот адвокат поднел тужба до парискиот суд и таа се базира на претходните преседани и на универзалниот принцип дека „не постои имунитет за клевета”.

Тужбата е поднесена и врз основа, додаде тој, на друг универзален принцип дека „клеветата преку Интернет е казнива насекаде”.

– Го повикувам секретарот Блинкен да ги достави до судот, во име на транспарентноста, сите докази кои ги има против мене и моето семејство, изјави Бериша на прес-конференција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот