ФОТО+ВИДЕО | Поранешната детска ѕвезда е непрепознатлива: „Ослабев 13 килограми со ‘оземпик’“
Поранешната детска ѕвезда Аманда Бајнс објави нови фотографии на кои изгледа значително послаба. Откако, кон крајот на минатата година, откри дека користи лекови за слабеење, сега ги покажа резултатите и откри колку килограми ослабела.
Препорачано
Актерката неодамна сподели папарацо фотографија на Инстаграм и напиша дека ослабела речиси 13 килограми откако почнала да користи „оземпик“.
„Обично не ми се допаѓаат папарацо фотографиите бидејќи во тоа време имав околу 82 килограми, но сега со ‘оземпик’ ослабев речиси 13 килограми. Сега имам 69 килограми. Знам дека сè уште не сум слаба, но оваа фотографија е вистинска инспирација за мене“, напиша таа.
View this post on Instagram
Во видеото, таа позира во шорцеви, шарена блуза и чизми до колена, а го истакна и својот рамен стомак. Комбинацијата ја дополни со маска за лице, дуксерка, сина проѕирна јакна со светки и црна чанта од „Диор“.
View this post on Instagram
Бајнс беше една од најпопуларните детски ѕвезди на телевизија и Холивуд. Сепак, таа се соочи со тежок период во животот кога стана зависна од алкохол и дрога, што резултираше со драстична промена во нејзиниот изглед. Бајнс неколку пати беше во клиника за рехабилитација, а сега тврди дека ја надминала зависноста.
Да потсетиме, во 2012 година, таа беше уапсена за возење под дејство на опијати, а следната година беше фатена како пуши марихуана во лобито на зградата каде што живееше. Подоцна истата година, таа запали пожар пред куќата на непознато лице, поради што беше ставена под старателство. По девет години, судот одлучи дека е способна сама да се грижи за себе и го прекина старателството.


