Алкохолни пијалаци кои може да ги пиете за празниците и да не се здебелите

Претстојниот период на слави и празници за многумина значи зголемување на килограмите. Познато е дека алкохолот дебелее, но има неколку алкохолни пијалаци кои може да ги пиете и притоа да ја задржите добрата линија.

Џин

Ова е еден од најдобрите избори за празниците, чаша џин содржи само 85 калории.

Шери наместо вино

Наместо чаша вино која содржи 123 калории, по вечерата подобро е да се напиете чаша шери, така ќе внесете само 60 калории.

Варено вино без шеќер

Празниците, но и целиот зимски период се погодни за пиење варено вино, но наместо чаша вино со шеќер и 210 калории, може да внесете само 145 калории по чаша ако го пиете незасладено, само со цимет и каранфилче.

Пенливо вино

Голема чаша вино содржи 220 калории, додека чаша пенливо само 85, а и концентрацијата на шеќер обично е помала отколку во обичното вино.

Пиво во шише наместо точено

Точеното пиво содржи 210 калории, а она во шише само 140.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот