Kaрлос Алкараз/ EPA/SEBASTIEN NOGIER

Алкараз се повлече од турнирот во Барселона, Синер може да здивне

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз пропушти можност повторно да се искачи на врвот на АТП листата, откако се повлече од турнирот во Барселона, што значи дека Јаник Синер ќе остане лидер барем уште извесен период.

Алкараз имаше сигурен старт на турнирот и без поголеми проблеми го елиминираше финскиот тенисер Ото Виртанен, а во осминафиналето требаше да игра против Томаш Махач.

Сепак, до тој меч нема да дојде. Првиот носител во Барселона беше принуден да се повлече поради повреда на зглобот на раката, што ги расипа неговите планови за нов трофеј и враќање на врвот.

Доколку не станува збор за посериозен проблем, следниот настап на Алкараз се очекува на турнирот во Мадрид, кој ќе се игра од 22 април до 3 мај.

Толку од одморот, Ѓоковиќ се враќа на терените

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот