Алиоски наскоро се враќа во борбата за Премиер лигата!?

twitter:Leeds United

Лидс јунајтед на македонскиот репрезентативец до прекинот на сезоната се наоѓаше на врвот во Чемпионшип…

Покрај очекувањето кога и дали официјално ќе продолжи сезоната во Премиер лигата, погледите се насочени и кон Чемпионшип од каде што треба да дојдат новите учесници следната сезона во елитата.

До прекинот на сезоната поради пандемијата на коронавирус, во Чемпионшип на првото место се наоѓаше Лидс јунајтед на нашиот Езгјан Алиоски со 71 бод, еден повеќе од второпласираниот Вест Бромвич Албион, Фулам на третата позиција со 64, по 60 Брентфорд и Нотингем форест…

Македонскиот репрезентативец сезонава во второто најквалитетно англиско натпреварување имаше учинок од четири голови во 30 натпревари за клубот од „Иланд роуд“.

Според британскиот „Дејли Експрес“, на 20 јуни би можеле да се вратат возбудувањата во Чемпионшип. Се очекува сезоната да заврши на 31 јули, а после тој датум дури 40 проценти од играчите ќе останат без договор.

Клубовите веќе се договорија да побрзаат со преостанатите девет кола колку што им остана до крајот на регуларниот дел од сезоната. Тоа значи играње на дури 113 натпревари во само 42 дена. Според информациите моментно само екипата на Хал е против продолжување на натпреварувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот