Алиоски добива нов соиграч, Родриго ќе потпише за Лидс

epa08494719 Valencia's striker Rodrigo Moreno celebrates after scoring a goal that was later dismissed during the Spanish LaLiga soccer match between Real Madrid and Valencia at Alfredo Di Stefano Stadium in Madrid, Spain, 18 June 2020. EPA-EFE/JuanJo Martin

Досегашниот напаѓач на Валенсија, Родриго Морено кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата и тоа во редовите на Лидс.

Повратникот во Премиер лигата по 16 години Лидс се согласи да плати 30 милиони евра плус дополнителни бонуси за одличниот напаѓач на шпанскиот тим. За очекување е Родриго набрзо да ги договори и личните услови со Лидс и наредната сезона ќе заигра заедно со македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски.


На трансферот инсистираше менаџерот на Лидс, Марсело Биелса, а официјалната промоција на Родриго Морено ќе биде веднаш откако ќе ги помине лекарските прегледи.

Родриго во Валенсија пристигна во 2015 година од Бенфика во трансфер тежок 30 милиони евра. Шпанскиот репрезентативец минатата сезона одигра 27 натпревари во Ла Лига и постигна четири гола и имаше седум асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот