Алијанса на Албанците на Села најавува конгрес во првата половина на 2026

Алијанса на Албанците предводена од Зијадин Села во првата половина на 2026 година ќе одржи партиски конгрес, било одлучено на денешниот состанок на Петтото Собрание.

Како што се наведува во партиското соопштение, Собранието ја формираше и Централната комисија за организација на Конгресот, која ќе ја води пратеничката Илире Даути. Оваа комисија ќе има задача да организира и реструктуирање на подограноците, ограноците и другите тела на партијата до одржувањето на Конгресот.

На денешниот состанок бил презентиран и извештајот за последните локални избори, а било дискутирано и за политичката состојба во земјата.

– Со овие одлуки, Алијансата за Албанците започнува со реорганизација и зајакнување на партиските структури, за враќање на партијата во најголема политичка сила на Албанците во земјата, преку развивање на нејзината идеологија, програма и политичка визија, се наведува во соопштението од АА на Села.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот