„Али Баба”: За девет часа на „Денот на самецот” направен промет од 23 милијарди долари

Фото: EPA-EFE/ALEKSANDAR PLAVEVSKI

„Денот на самецот” што како пандан на американските „Црн петок” и „Сајбер понеделник” пред десетина години го промовираше кинеската компанија „Али Баба”, веќе е празник за љубителите на он-лајн купувањето. Денешната продажба, само во првите девет часа, е скокната за 25 отсто и за тоа време е купена стока во вредност од 23 милијарди долари, наведоа од компанијата.

Овие податоци се речиси една третина од вредноста што американскиот ривал „Амазон” ја остварил во последниот квартал, пренесуваат британските медиуми.

„Денот на самецот” стана можност за заработка на компанијата „Али баба” (Alibaba Group Holding Ltd), која планира да продаде акции во вредност од 15 милијарди долари во Хонгконг.

Компанијата, која веќе излезе на американскиот пазар, многу вложи за да биде присутна во повеќе сфери, но и натаму 80 отсто од заработувачката остварува од е-трговија.

„Денот на самецот”, како кинески пандан на „Црниот петок” и „Сајбер понеделеник” кои во 2009 година беа промовирани како „шопинг фестивал” од страна на извршниот директор на „Али Баба”, Даниел Чанг.

Оттогаш тој израсна во еден од најголемите настани во е-трговијата и празник за љубителите на онлајн купувањето.

Често нарекуван и „Двојна единаесеттка” името на фестивалот доаѓа од календарскиот датум што го сочинуваат четири единици (11/11) што ги симболизира луѓето кои живеат сами.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот