АЛЕРГИЈА или НАСТИНКА? Како да ја препознаете разликата?

Сè повеќе се зголемува бројот на луѓето кои стануваат алергични на различни работи. Многумина не се сигурни што ги мачи – вироза, синуси или алергија. Симптомите се многу слични: затнат нос, кашлање, кивање. Експертите тврдат дека треба да си ги поставите овие шест прашања за да знаете што ве мачи и за да се лекувате правилно.

1. Дали ви тече носот?

Овој симптом се јавува во двата случаи, па тешко е да се открие за што станува збор. Но ако обратите внимание на она што излегува од носот, би можеле да ви се разјаснат некои работи. Алергиите и раните фази на настинка произведуваат воденест, безбоен исцедок, но ако тој стане густ и жолтеникав или зелен, веројатно се работи за некој облик на инфекција на дишниот систем.

2. Дали ве чешаат очите?

Ако ве чешаат очите, грлото, па дури и ушите, веројатно се работи за алергија, иако надразнетите очи можат да укажуваат на вирусен коњуктивит, кој е често симптом за настинка.

3. Дали ве боли нешто?

Размислете, чувствувате локализирана болка во подрачјето на синусите или ве боли целото тело? Понекогаш ниската температура, отечените крајници и непријатните болки по целото тело можат да укажуваат на настинка. Внимавајте и на грлото бидејќи иако и од алергијата грлото може да ве пече, болките се показател на настинка.

4. Колку брзо ви се јавија симптомите?

Симптомите на настинка се јавуваат постепено, додека сите симптоми за алергиите се јавуваат одеднаш.

5. Колку долго се чувствувате лошо?

Настинката обично поминува за две недели, а може да трае и само неколку дена. Од друга страна, алергиските реакции обично траат цело време додека сте изложени на алергенот. Освен тоа алергиите можат да ве исцрпат за многу краток рок.

6. Кој период од годината е?

Алергиите обично се јавуваат за време на промената на годишното време, посебно во пролет, лето и есен, додека настинките почесто во поладните, зимски месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот