Алексов: Доколку нешто сериозно не се промени во спроведувањата на кампањата, би можело да се случи политичарите да нема кој да ги гласа (ВИДЕО)

Неколку аспекти од здравствениот момент треба да се истретираат. Заштита на оние кои што ќе го спроведуваат процесот. Заштитата на оние кои ќе гласаат и заштита за време на кампањата, набљудувачите и медиумите. Сите овие групи на учесници во изборниот процес се директно изложени. Од таа причина многу важно е во целиот процес да се почитуваат мерките кои ќе бидат предочени од здравствените власти и преточени во протоколи од ДИК, изјави за „Утрински Брифинг“ на „Слободна ТВ“ првиот човек на невладината „Мост“, Дарко Алексов.

– Самите политичари кои се дел од кампањата ќе мора многу агресивно да ги промовираат мерките и да се однесуваат согласно мерките кои се пропишани, вели Алексов.

Околу подготвеноста на политичките лидери да спроведуваат поразлична кампања од до сега, Алексов смета дека доколку нешто сериозно не се промени во спроведувањата на кампањата, би можело да се случи политичарите да нема кој да ги гласа, а оние што сакаат да излезат да гласаат да не бидат во можност тоа да го сторат.

Проследете го целиот разговор со Дарко Алексов:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот