Фото: МРК Куманово

Александар Радосављевиќ е нов тренер на МРК Куманово

Српскиот ракометен стратег Александар Радосављевиќ е нов шеф на стручниот штаб на македонскиот суперлигаш МРК Куманово. Договорот помеѓу двете страни е со важност од две години.

Радосављевиќ зад себе има богато ракометно искуство и последниот негов ангажман е како тренер на РК Леотар.

Во неговата кариера ги има водено и клубовите на МРК Горажџе, МРК Врање, МРК Металац Краљево, МРК Зајечар, МРК Железничар од Сараево како и женските српски тимови на ЖРК Напредак, ЖРК Бамби Пожаревац, ЖРК Металац и грчкиот Орми Патрас.

Овој искусен ракометен стратег во своето богато портфолио ја има водено женската јуниорска репрезентација на тогашната Србија и Црна Гора.

Исто така, беше и на клупата на машката кадетска репрезентација на Србија, како и машкиот сениорски тим на репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот